Потребно
Видео споделувањето бара UMTS конекција.
Вашата можност за користење видео
споделување зависи од достапноста на UMTS
мрежата. Контактирајте го Вашиот оператор за
повеќе информации во врска со услугата и
можностите на мрежата, и наплатата за
користењето на оваа услуга.
За да го користите видео споделувањето морате
да го сторите следново:
●
Да се осигурате дека Вашиот уред е
прилагоден за конекции лице-до-лице.
●
Да се осигурате дека имате активна UMTS
конекција и дека сте во опсег на UMTS мрежа.
Ако ја започнете сесијата за споделување
додека сте во опсегот на UMTS мрежа и се јави
150
Остварување
на
по
виц
и
префрлање на GSM, сесијата за споделување
се прекинува, но Вашиот гласовен повик
продолжува. Не можете да започнете видео
споделување ако не сте во опсег на UMTS
мрежа.
●
Да се осигурате дека испраќачот и примачот се
регистрирани на UMTS мрежата. Доколку
поканите некого во сесија за споделување и
уредот на примачот не е во рамките на UMTS
мрежна покриеност, или нема инсталирано
видео споделување, или личност-со-личност
прилагодувања за конекција, примачот не
знае дека испраќате покана. Вие ќе примите
порака за грешка која покажува дека
примачот не може да ја прими поканата.