
Дополнителни услуги за Мапи
Можете да купите лиценца и да даунлоадирате
различни видови на упатства, како што се
упатства за некој град и патување, за различни
градови на Вашиот уред. Можете исто така да ја
купите лиценца за свиок-по-свиок Drive & Walk
услуга за навигација со гласовно водство, и со
информации за сообраќај за да ја користите во
Мапи. Лиценцата за навигација е зависна од
регионот (одбраниот регион кога се купува
лиценцата), и може да се користи само во
одбраната област. Даунлоадираните упатства
автоматски се зачувани во Вашиот уред.
Лиценцата што ја купувате за некој водич или
навигација може да се префрли на друг уред, но
истата лиценца може да биде активна само во
еден уред во исто време.
Информацијата за сообраќајот и водичите и
поврзаните услуги се генерирани од трети страни
независни од Nokia. Информацијата може да не
е прецизна и да е нецелосна до некој степен и да
е предмет на достапноста. Никогаш не се
потпирајте единствено врз претходно
споменатите информации и поврзани услуги.